Времето на мaфијaши зaвpши, после 15 јули следува одговорност за секој кој направил и најмал кpиминaл во државава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

,,Запалени 19 автомобили со молотови коктели во Штип”; ,,Четири запалени автомобили вечерва во Скопје”; ,,Нови 2 запалени автомобили синоќа во Скопје”;

,,Подземјето полуде – за една ноќ запалени 4 автомобили” – се само дел од насловите на порталите кои изминатиов период кружеа низ медиумскиот простор, а за кои јас имав последователни 10 и повеќе пресови на кои јавно ги посочив СДСМ и нивната криминална структура за поврзаност со истите, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Тогаш негираа и ме обвинуваа за ширење на лажни вести, за денес самите да се демантираат како што можевме да слушнеме во снимката помеѓу битолчанецот со смешен надимак и еден бизнисмен.

Денес слушнавме и како муртинската мафија која има пуштено пипци во сите градови низ Македонија, се договара да организира палење на автомобили на неистомисленици за политичка пресметка. Слушнавме и како без ,,амин” на Заеви не може да се направи апсолутно ништо во државава, мафијата дава црвени картони и кажува кој смее да работи а кој не и има посебни мрежи од кои влече пари.

Денес само се потврди она кое го знаевме – дека Република Македонија е под заложништво на кланот Заеви кој е тука само да извлече што повеќе пари народот, да рекетира и уништува фамилии и ништо друго.

Мафијата нема емоции, затоа не им гајле и со таква смиреност и потсмев зборуваат дека на некој ќе му го запалат автомобилот. Нив не им е гајле дали тој автомобил е купен можеби на кредит и некој одделува од својот залак за да го исплати.

Нив не им е гајле кој си и што доколку им го попречиш патот во остварувањето на своите цели, тие ќе те збришат и уништат фамилија без да имаат најмалку грижа на совест за тоа.

Тоа ќе заврши.

Јас имам само да им порачам дека е готово, правеле што правеле уште неколку дена, после доаѓа време на одговорност.

После 15 јули следува одговорност за секој кој направил и најмал криминал во државава, без разлика дали е ВМРО или СДСМ.

Македонија мора да биде безбедна земја во која граѓаните безбедно ќе живеат и слободно ќе се изразуваат.

Времето на мафијаши заврши!, вели Ѓорѓиевски во својата објава.

▪️,,Запалени 19 автомобили со молотови коктели во Штип"; ▪️,,Четири запалени автомобили вечерва во Скопје"; ▪️,,Нови 2…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Saturday, July 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This