Утрово е облачно речиси во сите делови од земјава, а во текот на денот на очекува доста променливо време. Во истокот ќе биде претежно сончево.
На запад, во попладневните часови и ноќеска е најавен дожд, а на повисоките места и снег со слаб интензитет.
Температурите утрово ќе се движат од -3 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 2 до 14 степени, а во главниот град се очекува тие да достигнат дневна до 9 степени.
Ваквото променливо време ќе не дочека и утре, а се до вторник ќе има услови за слаб дожд на локално ниво . На планините ќе има слаб снег.