ВРЕМЕ Е ДА ПАДНАТ МАСКИТЕ: СДСМ да покаже дали е за унитарна Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е за искреност. Време е СДСМ да покаже дали е за унитарна и единствена Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана. Време е СДСМ да покаже на дело дали љубовта кон татковината е поголема од желбата за власт по секоја цена, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ испратена вечерва.

vmro-1

Доколку СДСМ одлучи да се откаже од платформата од Тирана и ги отфрли непринципиелните уцени за редефинирање на државата, тогаш ќе ја добие поддршката на ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што граѓаните најголемата поддршка на изборите ја дадоа на програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Граѓаните не гласаа за официјализирање на албанскиот јазик, за менување на банкнотите, за претворање на Македонија во бинационална држава, за нејзина кантонизација или федерализација.

Прифаќањето на плановите за редефинирање на Македонија се очајнички обид на Зоран Заев да ја изигра волјата на народот и да дојде на власт без да победи на избори.

ВМРО ДПМНЕ е свесно за карактерот на Зоран Заев и неговата подготвеност да ја свитка кичмата.

Не е прв пат СДСМ да го прави тоа. Во 2004 година беше донесен Законот за територијална поделба само да се дограбат до некој глас повеќе кој би им ја донел функцијата претседател. Последиците ги гледаме и 13 години подоцна.

Државните и национални интереси секогаш ни биле и ќе ни бидат пред се. Затоа сме подготвени да ја поддржиме желбата на Заев да формира влада, под услов да се откаже од агендата за разнебитување на државата.

Време е целосно да паднат маските.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This