ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСЧИСТИ СО „ДОЛАР ПАТРИОТИТЕ“: Аналитичарот Александар Пандов реагираше на изјавата на Петар Богојевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Александар Пандов и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја искритикува изјавата на Петар Богојески во која тој го осуди исвиркувањето на владината и собраниската делегација на овогодинешната прослава на Илинден во Крушево. Имено Пандов вели дека редовните настапи на Богојески во кои застанува во одбрана на тиранијата на СДСМ е класичен пример за негово рефлексно постапување. Пандов го напомена примерот кога Богојески ги нарече граѓаните кои протестираа против промена на името ,,рубља патриоти’’.

– Рефлексот претставува автоматска реакција како одговор на надворешно дразнење и опасност. Тоа значи дека нашите мускули, без наша команда, ги движат нашите екстремитети и тело.
Рефлексни се и реакциите на несреќава на секое дразнење и опасност на Заев и неговата платеничка хунта. Секој отпор и протест на народот против тиранијава, за оваа сподоба е реакција на “Рубља патриоти” и државни непријатели. Како да коментира реформаторов кој е роден во Крушево, а за 2-август кога е преполно со народ не може да си оди дома, пошто ќе помине исто како и избраниците на Заев?
Не сум нешто посебно сигурен дека со неговите статуси, колумни и тв настапи му помага многу на Заев и заевистите, но сигурен сум дека многу му штети на ВМРО-ДПМНЕ! Од тука тврдам дека е крајно време овој “долар патриот” биде изногиран од партијата, вели Пандов на својот Фејсбук.

Според внатрепартиски информации Богојески е изолиран од партијата токму поради ваквите негови ставови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This