Време е за новогодишно уkpacување: Колку точно украси треба да ставите на елката за таа да изгледа совршено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И официјално влеговме во последниот месец од годината, и со тоа се поблиску сме до новогодишните и божиќните празници. Поради тоа секој од нас веројатно го фаќа празнична еуфорија, па и веќе сите почнуваат со украсување. Доколку сакате да ја имате совршената елка оваа година, ова ќе ви се допадне.

Според експертите за декорација, има многу правила кога се работи за украсување на елката. Секако дека постојат одредени комбинации на бои кои создаваат хармонија, а откриен е и правилен начин на кој треба да се стават сијаличките на елката за да не се заплеткаат.

На Фејсбук се појави и „водич“ за тоа колку точно украси и сијалички треба да ставите на елката во зависност од нејзината височина.

Погледнете го односот на бројот на украси и сијалички и висината на елката: 90 см: 29 украси и 50 сијалички, 150 см: 40 украси и 120 сијалички, 180 см: 50 украси и 240 сијалички, 200 см: 60 украси и 240 сијалички, 210 см: 75 украси и 400 сијалички, повисока од 210 см: 90 украси и 400+ сијалички.

Според овие информации можеме да кажеме дека поголемиот број на Македонци, веројатно ја преукрасуваат својата елка, затоа што вообичаено ставаме многу повеќе украси, според правилото колку повеќе толку поубаво. Сега е време тоа да го промениме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This