ВРЕМЕ Е РАБОТИТЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ СО ВИСТИНСКО ИМЕ: Фалсификати поддржани од Европа нема да поминат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните денеска по 72 пат го изразуваат својот револт поради протуркување на туѓи платформи во нашата држава, документи кои директно удираат по темелите на државноста на Република Македонија.

ilievski-3-640x330
Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски во име на граѓаните оддаде почит за загинатите во Диво насеље пред две години.

-На самиот почеток и ова е најбважно денеска, пред било што друго. Денеска навршуваат две години откако животот за Македонија, бранејќи ја татковината, во Диво насеље, кумановски животот го дадоа Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Рангеловиќ и Горан Стојменовиќ. Со минута молчење да им оддеме вечна почит. Со аплауз да ја наградиме нивната жртва. Тие ги дадоа своите животи за оваа земја, најмалку што може да направиме е да ја почитуваме таа жртва, изјави Илиевски.

Илиевски вели дека заборавивме на правото, заборавивме што е правна држава, заборавивме што се институции кои што ќе си ја бркаат својата работа. Денеска во службен весник излезе една срамна фалсификат одлука, одлука со која што тиранската коалиција се обидува да фалсификува една дивоградба, дивоградба т.н. обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, таква дивоградба не може да се фалсификува, со никакви печати од заменик секретар или измислени луѓе на измислена функција во одреден момент, таква одлука може да се одобри само на избори и никаде на друго место.

-Денеска е 9ти мај по старо ден на победа над фашизмот, по ново и ден на Европа. Денес ќе ги одбележиме двата настани, за првиот ден на победа над фашизмот дадовме почит, положивме цвеќе, за жал беше единствено ред споменикот на паднатите борци од НОБ, во рамките на дворот на владата на Република Македонија. Тоа е споменик на луѓето кои се бореле во вториот Илинден, победата против фашизмот е дел од илинденската битка. Денеска на четвртиот Илинден, некој може да препознае повторно многу спорни елементи во односот на другите сили кон Македонија, но затоа сме тука денеска, пред овој објект, да ги потсетиме на принципите и вредностите на кои што се базираше ЕУ и што од неа остана денеска и како се однесува кон другите народи и нации, кон другите држави, како се однесува кон суверенитетот на нашата Република, запишан не само во Илинденскиот манифест, запишан и во Асном, суверенитет за кој се бориме и ние денеска. Денеска навршуваат 72 години од победата над фашизмот, денеска се 72 дена откако ние излеговме на улица. Симболиката во бројките размислете дали е случајна или не е случајна. Едно е факт, борбата никогаш не престанала и никогаш нема да престане, наша должност е да ја продолжиме. Продолжуваме зборувајќи ја вистината, заборавивме на правото, заборавивме што е правна држава, заборавивме што се институции кои што ќе си ја бркаат својата работа. Денеска во службен весник излезе една срамна фалсификат одлука, одлука со која што тиранската коалиција се обидува да фалсификува една дивоградба, дивоградба т.н. обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, таква дивоградба не може да се фалсификува, со никакви печати од заменик секретар или измислени луѓе на измислена функција во одреден момент, таква одлука може да се одобри само на избори и никаде на друго место, изјави Илиевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This