April 19, 2024, 11:05 pm

Време: Сончево и топло до 32 степена, попладне на повеќе места нестабилно со дожд и гpmeжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре и во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This