Време: Сончево со температура од минус 8 до 16 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија во утринските часови ќе биде студено и во некои котлини со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до 0, а дневната од 8 до 16 степени.

Во Скопје, утрото студено и магливо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This