ВРИЕ ВО ЕДИНИЦАТА „ТИГАР“: Оливер Спасовски им го подметнал заменикот министер на семејствата на загинатите од Диво Насеље!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашниот ден беше Денот на специјалната единица Тигри. 13-ти март е датумот на кој Единицата за Специјални Задачи го одбележа Денот на Единицата односно 36 годишнината од формирањето. Во рамките на одбележувањето на денот Спасовски заедно со својот заменик Нухиу одржал ручек со семејствата на починатите припадници на единицата во Диво Насеље.

Покрај фотографирањето во Диво Насеље на Оливер Спасовски кој лицемерно во текот на вчерашниот ден говореше за пожртвуваноста на единицата голема навреда на семејствата било и присуството на заменик министерот Нухиу. Во единицата покрај незадоволството од овие постапки владее и незадоволство поради масовната партизација на единицата и промената на раководните структури и старешините.

Во единицата голем број на старешини се симнати неколку позиции подоле, а партиски кадри на СДСМ без никакво искуство се унапредувани и примени во единицата.

Во текот на вчерашниот ден до нашата редакција пристигна и писмо од незадоволен припадник на единицата Тигар со критики до министерот Спасовски. . Според специјалецот, Оливер Спасовски е човекот кој се дружеше со луѓето кои посакуваа „Куманово да им се деси“ на полицајците, а такви луѓе не можат да бидат на чело на полицијата.

-Те гледам денес Оливер се сликаш и фалиш со пожртвуваноста на Единицата Тигри и држиш говор како Единицата треба да работи и работела досега. Да ти порачам дека Единицата секогаш е на својата задача и секогаш се жртвувала за да обезбеди безбедност и сигурност на граѓаните. А ти Оливер за мене никогаш нема да бидеш почитуван, ниту некогаш ќе ти се обраќам така. Ти за мене не си министер затоа што не сакам пак Куманово да ми се деси.
Ти беше со тие кои ни посакуваат Куманово да се повтори, гордо чекореше со нив, а никогаш не најде време и доблест да се извиниш. Таму загинаа наши 8 браќа со кои сме пребродиле многу тешки моменти, акции за одбрана за државата. Оливере тие беа луѓе со кои делевме се, луѓе со кои често поминувавме неспиени ноќи за да ја чуваме безбедна и мирна државата, за граѓаните на оваа држава да можат мирно да спијат.

За да можеш и ти мирно да спиеш.
Немаш право да зборуваш за политички мотивирано делување на Единицата затоа што веднаш по настаните во Куманово ти и Заев среќни и насмеани се сликавте на местото каде загинаа нашите браќа, на местото каде што беа загрозени нашите животи и животите на жителите Куманово. Наместо да дадеш малку почит со месеци настанот го користиш за политички цели и шириш лаги низ Македонија.
Денеска без срам им честиташ на Тигрите додека претходно не омаловажуваше, не понижуваше и се смееше на гробовите на нашите браќа кои загинаа за Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This