ВРИЕ ВО КОСОВО:Утре на пладне закажан протест на Србите во Косовска Митровица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ПРОТЕСТОТ ќе се одржи утре во 12 часот во Косовска Митровица, по повод воведувањето такси за производи од централна Србија од страна на Приштина, за што одлучи Кризниот штаб на четирите општини од северот на КиМ.


Потпретседателот на Српската листа Игор Симиќ изјави за новинарите дека утре во четирите општини – Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица ќе се одржат вонредни седници на општинското собрание, на кои ќе се разговара за политичката и безбедносната ситуација на северот на КиМ.

-Натамошните мерки на Кризниот штаб ќе зависат од тоа како ќе се снабдуваат болниците, студентскиот центар и другите институции во Косово и Метохија- рече Симиќ.

Тој ги повика граѓаните на утрешниот мирен протест и им порача да не наседнуваат на никакви провокации.

За време на состанокот на Кризниот штаб, припадниците на КФОР беа присутни пред просториите на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This