ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПО НАЈАВАТА ЗА „ПРОСЛАВА“: Што ќе се слави, тоа што не уценуваат да го промениме името или хипотетички влез во НАТО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жестоки и бурни се реакциите на социјалните мрежи околу одлуката на Владата да направи како што од таму ја нарекоа „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.

Имено, Владата реши да организира прослави околу во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип.

Најголем дел од коментарите околу оваа одлука на Владата се негативни, граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме.

-Шизофренија левел 248493: Се слави нешто што веќе 10 години го имаме. Пак дури прослава во 15 градови со народни пари, пишува во еден од твитовите.

Во друга објава пак се прашува дали прославата е затоа што ќе влеземе во НАТО кога целиот договор со Грција ќе биде имплементиран, за што би требало најмалку две години.

Во една објавите пак се пишува дека целта е да се доведе народот во заблуда, пред референдумот на кој треба граѓаните да гласаат за промена на името на државата.


Во една објавите пак директно се напаѓа владејачката партија СДСМ. Како што пишува овој Твитер корисник СДСМ во 2004 прославиле признавање на државата под уставно и дека спорот е решен, а дека сега прават прослава за менување на своето име и историјата, а и во двата случаи се гордеат.

Во една од објавите пак пишува дека прослава се прави на свадба, а не при добивањето на покана.

Друг граѓанин пак поставува прашање дали се прославува уцена.

Друг пак пишува дека се слави хипотетички влез во НАТО.

Во друга објава пак се пишува дека нема да има секаде прослави, затоа што власта нема секаде градоначалници, како и дека нормален човек не би славел зошто знае дека нема што да се слави.

Друг корисник на Твитер пак пишува дека се слави дадениот услов за да се самоукинеме како народ и држава.


Чекајте, озбилно ќе има прослава за НАТО? Па, од 2008 се чека името за таму бе, ненормални. Дајте да се поработи на реформите за во ЕУ, не бидете будали, пишува еден од корисниците на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This