ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ СО НОВИ НАРЕДБИ: Ѓорѓе Иванов направи нови формациски поставувања во АРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, со указ изврши нови поставувања на старешини на формациски места предвидени за генералски чин, како и на командни должности во здружената оперативна команда (ЗОК) и во првата механизирана пешадиска бригада, соопшти неговиот кабинет

gjorge_arm

Исто така, претседателот на Република Македонија со указ назначи висок воен претставник на Република Македонија во командата на НАТО во Брисел, Кралство Белгија и воен претставник во Анкара, Република Турција.

Досегашниот командант на ЗОК, генерал мајор Васко Ѓурчиновски е назначен за висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел. На местото командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Зоран Милески кој досега ја извршуваше должноста командант на првата механизирана пешадиска бригада.

За нов командант на првата механизирана пешадиска бригада е поставен бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кој е актуелен аѓутант на Врховниот командант на вооружените сили.

Со указ на претседателот Иванов, во чин бригаден генерал e унапреден полковникот Орце Јордев, командант на полкот за специјални операции. Бригадниот генерал Орце Јордев во текот на воената кариера извршува бројни командантски и штабни должности во полкот за специјални операции (пСО), меѓу кои и командант на баталјонот за специјални намени, а должноста командант на пСО ја извршува од 2015 година.

Полковникот Жарко Ристевски, пак, е назначен за воен претставник на Република Македонија во Анкара, Република Турција, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This