ВРХОВНИОТ СУД ДЕНЕС ВО АТИНА ОДЛУЧУВА: Ќе ја усвои или отфрли жалбата на Грујевски и Бошковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд во Атина денеска треба да одлучува по жалба за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски.

Претходното рочиште, на 2 март, беше одожено бидејќи еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест, па затоа неговиот колега побара одложување. На ова рочиште имаше преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Во судницата во Врховниот суд, Бошковски и Грујевски со полициска придружба беа донесени од атинскиот затвор „Коридалос“.

Претседателката на Советот на судии, ги повика двајцата поранешни разузнавачи за кои се бара екстрадиција во Македонија, им објасни дека еден од адвокатите е болен и побара став и од нив, дали се согласуваат рочиштето да биде одложено, за да може и тој да биде присутен. Грујевски и Бошковски се согласија да се одложи рочиштето.

Откако шесточлениот Совет на судии и обвинителот, надлежни за разгледување на жалбата во грчкиот Врховен суд, го слушнаа образложението на адвокатот и ставот на Грујевски и Бошковски, одлучија рочиштето да се одложи. Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Атина, судијката претседавач, потенцираше дека ова ќе биде последно одложување.

Жалбата во Врховниот суд во Атина за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, се разгледуваше со уште 20 други случаи.

Додека трае постапката во Врховниот суд, Грујевски и Бошковски се во атинскиот затвор „Коридалос“, каде што се сместени од 13 февруари по нивното пренесување од Солун во Атина.

За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.

Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие се наоѓаа веќе во Атина.

Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This