April 26, 2024, 10:48 pm

ВРХОВНИОТ СУД ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Укинати притворите за 12 лица, во притвор остануваат членовите на патриотските здруженија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд ја објави одлуката по жалбите за укинување на притворот на осомничените за случувањата на 27. април минатата година

 

Врховниот суд ги уважи жалбите на поголемиот дел од осомничените, со што притворот е укинат и заменет со домашен притвор за пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски. Притворот е укинат и заменет со домашен за уште шест лица.

За четири лица кои претходно беа пуштени во домашен притвор, мерката се укинува и се задолжуваат да се јавуваат во судот еднаш неделно, како мерка на претпазливост.

Три лица остануваат во куќен притвор.

Претседателот на здружението „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов, и уште три други лица остануваат во притвор.

„ Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1.бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор.

За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничемите З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.“ – стои во официјалното соопштение на Врховниот Суд.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This