ВРХОВНИОТ СУД ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА: Зетот на Лилјана Поповска ќе лежи затвор поради кражба на артефакти од музеј, а не поради Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди казните кои во првостепена и второстепена постапка им беа пресудени на обвинетите од случајот од 2014 година, во јавноста познат како „Кражба во Музејот на Македонија“ во Скопје, дознава Судство.мк.

 

 

Меѓу лицата кои се осудени е и зетот на пратеничката Лилјана Поповска, која пред неколку дена изјави дека била уцената и казната на времето од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто како и лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски, иако со различни методи.

Според одлуката на Врховниот суд, како што дознава Судство.мк, од Музејот на Македонија биле одземени 162 артефакти од страна на речиси сите се вработени во музејските установи. Тие биле земени од депоата на Музејот. Дел од осудените биле членови на Комисијата за откуп на музејски материјал при НУ Музеј на Македонија.

Исчезнувањето на артефактите беше обелоденето во ноември 2013 година. Во текот на истрагата и во подоцнежната судска постапка, беше утврдено дека се правеле копии од оригиналите, некои се препродавале, а одредени предмети наводно фалеле во музејското депо. (Судство)

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This