April 26, 2024, 11:55 pm

Вселенска ekcплoзиja во „комшии“ ги вoзнeмиpи научниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигнал од вселената кој траел само половина секунда е „фатен“ на крајот на април оваа година со помош на радио-телескопи на Земјата. Сигналите снимени од овие радио-телескопи го збунија целиот научен свет.

Изгаснатата ѕвезда на другата страна на Млечниот пат која емитувала пред триесет илјади години силна мешавина на радио и рентгенска енергија, дури сега, на 28.април 2020 година се надви на Земјата, активирајќи ги алармите на опсерваториите ширум светот.

Поголемиот број на брзи радио-експлозии потекнуваат од оддалеченост на стотина милиони светлосни години. Оваа доаѓа од Млечниот пат.

Сигналот се појавил и исчезнал во половина секунда, но тоа за научниците било доволно за да потврдат дека откриле нешто извонредно: прва брза радио-експлозија која настанала од позната ѕвзда во Млечниот пат, се наведува во студијатата објавена на 27. јули, пишува Лајв Сајенс.

Силните реафални радио-бранови траат неколку мили секунди, но во тој временски период ствараат повеќе енергија отколку Сонцето во еден цел век. Научниците дури сега треба да утврдат што ги предизвикува овие експлозии, но и да предложат можни објаснувања за многу досега необјаснети работи – од формирање на црни дупки до сигнали на вселенски бродови. До сега, секој познат брз радио-експлозивен бран потекнува од друга галаскија, оддалечена стотини милиони години.

Овој сигнал е поразличен. Телескопските набљудувања укажуваат дека експлозијата потекнува од позната неутронска ѕвезда – брзодвижечко, компактно јадро на мртва ѕвезда, која ја „пакува“ целата тежина на нашето Сонце во топка со големина на град – на 30.000 светлосни години од Земјата. Можно е и да се работи за уште почудна класа на ѕвезди која се нарекува магнетар, име кое го добива поради неверојатно моќното магнетно поле кое е во состојба да исфрли интензивна количина на енергија со нејзиното умирање. Според авторите на студијата, магнетарите досега речиси со сигурност се извор на брзи радио-експлозивни бранови.

Магнетарот, наречен СГР 1935 + 2154, откриен во 2014. година кога научниците забележале како емитува силни гама и икс зраци во еднакви интервали. Откако по некое време се смирила, мртвата ѕвезда пробудила силна експлизија на ренгентски зраци на крајот на април. Оваа експлозија е забележана со помош на сателитот „Интеграл“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), замислен да ги забележува најенергичните појави во вселената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This