Вселенскиот патријарх: Ние никогаш нема да ја признаеме таканаречената ЦПЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за српски Курир, Вартоломеј рече дека по барање на митрополитот Амфилохије, тој напишал писмо до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое му порачува да не презема понатамошни чекори кон усвојување и спроведувањето на законот за верски заедници.

„Единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и ние никогаш нема да ја признаеме таканаречената Црногорска православна црква“, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во интервју за српски Курир, Вартоломеј рече дека по барање на митрополитот Амфилохије, тој напишал писмо до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое му порачува да не презема понатамошни чекори кон усвојување и спроведувањето на законот за верски заедници.

– Тој закон не е праведен. Што се однесува до Вселенската патријаршија, единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и единствениот канонски архиепископ во Црна Гора е митрополитот Амфилохије, рече вселенскиот патријарх.

претходниот член,ФОТО: Снежна идила на Попова Шапка
Следната статијаДНЕВЕН ХОРОСКОП

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This