ВТОРА ЖРТВА НА ИСТИОТ ГИНЕКОЛОГ: Гинекологот на чија маса почина Кадиева пред две години, бил матичен и на Савиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичен гинеколог на починатата 31-годишната родилка Елизабета Савиќ од Гевгелија е гинекологот кој ја породувал родилката Маја Кадиева, која почина за време на царски рез, за што беа обвинети двајцата анестезиолози и двајца гинеколози, неофицијално дознава Ивор Мицковски.

Како можел да работи?! – прашува поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ.

Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем.

– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе – изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ.

„Елизабета Савиќ Динева била донесена од Гевгелија пет ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло. Таа прво била хоспитализирана на Клиникa за неврологија, каде останала 24 часa. Првично била во добра општа состојба, се хранела нормално, разговарала по што западнала во кома и еден час била ренимирана во Ургентен центар. Веднаш било побарано конзилијарно мислење од КАРИЛ, од каде информираат дека е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, направено е КТ. По две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција – се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница при породување со царски рез. За смртта е покренато обвинение против двајцата анестезиолози (едниот почина) и двајца гинеколози. Анализите на крвта кои ги направи МВР покажаа дека анастезиолозите породувањето го вршеле во пијана состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This