ВТОРИОТ ДЕЛ ОД АНКЕТАТА НА „ПАВЕЛ ШАТЕВ“: Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има подобри кандидати за градоначалници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институтот „Павел Шатев“ го објави вториот дел од спроведената анкета, посветен на претстојните локални избори.

Речиси половина (49.2%) од анкетираните граѓани (без Албанци) сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи подобри кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

За државата, граѓаните сметаат дека во моментов најголем приоритет треба да бидат економијата и вработувањата. За ова се изјасниле 67.5 отсто од испитаниците.

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е најспособна да ги реши проблемите и да го оствари приоритетот за кој се изјасниле. 34.7 отсто од анкетираните мислат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 19.3 сметаат дека СДСМ може да го оствари тој приоритет.

Анкетата е спроведена телефонски во период од  29 август и 1 септември 2017 година на 1250 испитаници. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This