March 28, 2024, 12:28 pm

ВТОРИОТ ТАНКЕР ОД РУСИЈА ТРГНА КОН САД: Руски природен гас ќе го спасува источниот брег на Америка од енергетски колапс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вториот танкер со течен природен гас од Русија – „Провалис“ – се спрема да тргне кон САД. Како што наведува агенцијата Блуберг, тој ќе пристигне во Америка околу 15. фебруари

Бродот од француското пристаниште Данкерк ќе го земе гасот кој претходно пристигнал од Русија. Танкерот ќе го испорача горивото во Нова Англија (североисток на САД), кој и е потребен поради недоволните испораки на гас од шкрилец од другите делови на САД во сезона на најголема побарувачка.

Првиот танкер со руски течен природен гас „Газелис“, според податоците на порталот „Марин трафик“, кој го следи движењето на бродовите, во овој момент се наоѓа во ред за влез во Бостонското пристаниште.

Потсетуваме, Соединетите Американски Држави купија гас од Русија поради зголемувањето на цената на „синото гориво“ на источниот брег на земјата по 6.300 долари за илјада кубни метри. Растот на цената на оваа суровина е предизвикан од временските непрлики.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This