Втоpa нeдeлa oд кaмпaњaтa зa лoкaлнитe избopи: ВМРО-ДПМНЕ во Стpyмицa, СДСМ вo Кaвaдapци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почнува втората недела од изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии.

Коалицијата предводена од СДСМ денеска централни собири ќе одржи во Валандово и Кавадарци, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и Струмица.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ ќе одржи прес-конференција на тема „Изградба на зграда” во Скопје, а Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП ќе има изборни активности во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе бидат во Богданци и Гевгелија, а Движењето „Беса“ изборни активности ќе има во скопски Бутел и Шутка.

Политичките партии и независните кандидати своите програми за Локалните избори вчера ги претставија во повеќе градови и населени места.

Кампањата ќе трае 20 дена, до 15 октомври, а за вториот круг избори што ќе се одржи на 31 октомври, кампањата ќе трае до 29 октомври.

Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуалните неправилности при гласањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This