ВУЧИЌ ВЕЛИ ДОСТА НЕ „МАФTAAT“: Да се донесе одлука кој се може во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија продолжува со реформите заради своите граѓани и нејзината иднина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Женева, каде учествуваше во Стратешкиот дијалог за Западен Балкан, во организација на Светскиот економски форум.

Тој додаде дека не можел да добие одговор од претставниците на светските центри на политичката моќ на прашањето каква е иднината на регионот.

На прашањето каква е нашата иднина, тие не беа во можност да одговорат, истакна Вучиќ во изјавата за новинарите.

Ние ќе продолжиме со реформите за доброто на нашите граѓани и за нашата иднина. Сакаме да ја подобриме нашата економија. Сакаме да продолжиме да го забрзуваме растот. Ќе го задржиме растот на над 3,6 проценти, рече Вучиќ.

Српскиот претседател за в понеделникот најави нова средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, кого, како што кажа- ќе го ќе праша кој може да влезе во ЕУ.

Важно е, рече тој, ЕУ да одлучи за понатамошниот европски пат за земјите од Западен Балкан.

Важно беше да се слушне од различни делови на Европа дека треба да се донесе некоја одлука во врска со нашиот регион. За мене беше многу важно в понеделник или вторник да се сретнам со Макрон, рече српскиот претседател.

Претставниците на ЕУ, рече тој, не можеа да дадат прецизни и јасни одговори за иднината на нашиот регион.

Кога зборуваат за реформите и кога ќе ги прашате што ако тоа го направиме, тие не знаат како да одговорат. Сепак, добро е што сите потврдија јасна и недвосмислена поддршка за европскиот пат на сите наши земји, рече тој.

Вучиќ истакна дека треба да се донесе одлука за тоа кој може брзо да влезе во ЕУ, кој не може, или дали може да се добие пристап до структурните фондови ако се затворат или отворат поглавјата, или за припадноста на единствениот економски пазар.

Има многу идеи и одлуките треба да се донесат во наредните седум месеци. До мај, ќе мора да знаеме. Добрата вест за нас сега е назначувањето на комесарот Оливер Вархељи за европски комесар за проширување, додаде тој.

„Оние кои не го гледаат регионот дека и е потребен на Европската унија колку и тој на нас, не ја разбира добро иднината на европската политика, рече претседателот на Србија.

Тој додаде дека не го разбира целосно ставот на ЕУ дека десет земји од еврозоната, наводно, издржуваат 17-те други земји што се денес во ЕУ, што се користи како аргумент дека не им требаат уште четири, пет или шест држави на Западен Балкан.

Оној што не гледа дека сме и потребни на ЕУ исто колку и таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика, рече претседателот на Србија.

Тој кажа дека „не е на нас да и држиме предавања на Европа и дека нивната одлука е во прашање“, и дека е подготвен да дојде во Собранието на Србија и да разговара со пратениците за тоа што се случува во Европа и во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This