April 25, 2024, 10:10 pm

ВУЧИЌ ВО БРИСЕЛ ОДЛУЧИ: Денес нема да разговарам со Приштина! Вечер ќе и се обартам на нацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучич утрово слета во Брисел и веднаш имаше разговор само со шефицата на ЕУ дипломатијата Федерик Могерини.

Тој по средбата со шефицата на ЕУ дипломатијата изјави дека денес нема да разговара со претставници на Приштина во Брисел.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нема денес во Брисел да разговара со косовскиот претседател Хашим Тачи, а под прашање е дали и воопшто ќе ги продолжи разговорите со Приштина. Тоа на новинарите во Брисел им го соопштил директорот на Канцеларијата за КИМ Марко Ѓурич, по разговорите на Вучиќ со Могерини.

Вучиќ за тоа се олучил , како што вели Ѓуриќ, поради сите превари, лаги и закани на косовските Албанци. Според него, Белград сака да го  зачува мирот но и дека не може да ги прифати обидите и заканите и да се забрани посета на Претседателот на Србија на Косово и Метохија.

Според агендата, по состанокот на Вучиќ и Могерини требаше да следи трилатерална средба , со учество и на косовскиот претседател Хашим Тачи. Меѓутоа , тоа нема да се случи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This