ВУЧИЌ ГО ПОФАЛИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Светот ги потценува балканските народи, сега ќе ги притискаат пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва, во врска со референдумот во Македонија, изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но дека Европа мора да биде поодговорна, јави Б92.

– Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја. Се плашам и сметам дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се. Мислат ќе видиме ако може со народот, а ако не тогаш нема со народот, ќе пробаме со притисок врз пратениците. Ако не може ни тоа, не е важно, тоа мора да биде така, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија рече дека го почитува договорот меѓу Грција и Македонија.

Тој побара од Европа и светот да покажат почитување кон малите народите и оцени дека смета оти не може да се игнорира што мисли народот. ац/сд/17:08

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This