April 26, 2024, 10:11 am

Вучиќ: Груевски во Србија влезе на 12 ноември, а на 13 ноември ја добивме потерницата по него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немавме официјална потерница по Никола Груевски на 12 ноември кога на преминот Хоргош тој ја премина границата на Србија, изјави Александар Вучиќ, претседателот на Србија во ТВ емисијата Кирилица.

Прашањето за Вучиќ беше како Груевски ја поминал границата и дали е тој лично вмешан во бегството на поранешниот македонски премиер.

„На 11 ноември вечерта, ние немавме никакви официјални информации за некаква потерница. Помеѓу еден и два часот по полноќ Никола Груевски влегол на територијата на Албанија во придружба на две лица од унгарска националност, се легитимираат и заминуваат кон Црна Гора со документи. Влегуваат во Србија и на 12 ноември на Хоргош ја напуштаат Србија во придружба на тие две лица со регуларна лична карта. Дури на 13 ноември Србија добива информација за потерницата на Интерпол распишана по Груевски. Ако ја имавме таа информација ние ќе го запревме. Неговото приведување пред тоа би било киднапирање“, објасни Вучиќ и додаде дека досега не одговарал на обвинувањето на српската опозиција која се обиде од тоа да направи афера за некаков голем криминал затоа што и самиот Борис Тадиќ може да оди во затвор за слична работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This