ВУЧИЌ ДОБИЛ ,,У ЦЕНА“ ОД БРИСЕЛ:Белград не се согласува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брисел му испратил на српскиот претседател Александар Вучиќ, преку дипломатски канали, „непристојна понуда“ односно у цена, како што ја нарекуваат српските медиуми – продолжување на дијалогот со Приштина во замена за нови поглавја, а Белград не се согласува.
Како што јавуваат српските медиуми, Брисел по дипломатски канали врши притисок врз Белград со цел да го натера да игра „по правилата што ги диктира Приштина“. Од Србија и Вучиќ се бара да се вратат на дијалогот, без оглед на тоа што Приштина не исполнила ниедна од своите обврски од бриселскиот договор.

„Сканд алозно барање, проследено преку дипломатски канали, со кое на Србија за возврат ѝ се нуди да отвори три преговарачки поглавја со ЕУ“, тврди извор на Српски телеграф.

Како што пишува Новости, Белград нема да се согласи на уц ените па дури и ако цената е процесот на евроинтеграциите да биде замрзнат на подолго време. Ова, според весникот, е цврст став на Белград

Потпретседателот на српската влада и министер за трговија Расим Љајиќ смета дека продолжува старата матрица – дека Брисел не го притиска оној кого треба, туку тој кого може. „На тој начин Брисел го губи статусот на медијатор во дијалогот и го нарушува сопствениот кредибилитет“, смета Љајиќ.

Тука, како што додаде српскиот вицепремиер, не станува збор за тоа дека Приштина не ги исполнува постигнатите договори, туку од политички причини става нови пречи на патот на слободната трговија кои им штетат на сите. „Ваквите потези ги доведуваат во прашање целиот дијалог и процесот на нормализација на односите на Србите и Албанците“, заклучи Љајиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This