ВУЧИЌ ЗА СКАНДАЛОТ: Тие знаат што сѐ ние знаеме дека прават!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во дневникот на РТС изјавил дека знае дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО. Како што вели, повлекувањето на дипломатите од Македонија е начин на кој сакале да кажат „знаеме што правите“

„Знаеме што праат, ништо лошо ние не им сакаме, иако го признаа Косово, иако ќе гласаат за прием на Косово во УНЕСКО“, рекол Вучиќ за РТС. Вучиќ наведува деа ќе ја поддржи секоја тешка одлука на Владата на Србија ако смета дека се во право, а потсетил на случајот со Франција.

„Исто беше и со Франција, ништо не се случи, но барем го зачувавме образот“, додал Вучиќ.

Вучиќ за РТС изјавил дека за тоа утре отворено ќе разговара со Зоран Заев, дека односите помеѓу овие две земји ќе бидат, не баш сјајни и не баш на највисоко ниво, но дека ќе бидат пристојни.
„А, како знаев дека ќе го променат мислењето за УНЕСКО..Дачиќ им кажа, точно им кажа, и затоа повторно велам дека знаат што сѐ ние знаеме“.

Дачиќ, додава српскиот претседател, добро ја изврши својата работа бидејќи се работи за интересот на Србија, забележувајќи дека тоа не мора на сите да им се допаѓа, односно дека тие не се на позиција за на некого да му се допаѓаат, туку да ги штитат интересите на државата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This