April 20, 2024, 12:57 pm

ВУЧИЌ И ЗАЕВ РАЗГОВАРАЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ: По долг и отворен разговор се договориле околу пет точки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучќ и Зоран Заев денес телефонски разговараа и постигнале договор во пет точки, принципи на кои ќе се темелат односите на двете земји, а пред се при евентуални несогласувања кои ќе се решваат преку дијалог

Како што се наведува во заедничкото соопштение, Вучиќ и Заев, во долгиот и отворен разговор, ги разгледале новонастанатите околности во односите помеѓу двете држави и постигнале согласност во следното:

– Република Србија и Република Македонија исклучиво преку дијалог ќе ја решаваат секоја евентуална несогласица во меѓусебните односи
– Без обзир на сите политички разлики во одредени важни политички и регионални прашања, Србија и Македонија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи помеѓу српскиот и македонскиот народ и граѓаните на Србија и Македонија
– Република Србија и Република Македонија ќе вложат поголеми напори за натамошно унапредување на економските односи и зголемување на трговијата и размената на двете земји
– Република Србија и Република Македонија во склад со меѓународните јавно-правни прописи, во добра верба и на пријателска основа ќе ги штитат правата и интересите на дипломатско-конзуларните претставништва на својата територија
– Република Србија и Република Македонија ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниов, ќе се поддржуваат меѓусебно на европскиот пат и зајакнување на добрососедските односи.

Овој договор помеѓу Вучиќ и Заев доаѓа по дипломатскиот скандал, и сознанието дека од Македонија, со помош на институциите кои се под контрола на СДС биле прислушкувани дипломати и функционери од Србија, со цел спроведување на кампања за државен удар на Србија, по примерот на Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This