Вучиќ: Курти може само да сонува за глyпостите што ги кажува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот косовски премиер Албин Курти се најде на мета на српскиот и на турскиот претседател поради реториката по преземање на власта во Приштина што се сфаќа како провокација на Белград, но и за некои одлуки што не и се допаѓаат на официјална Анкара.

Александар Вучиќ му порача дека е „подготвен за дијалог и компромиси, но никако за уцени и закани“.

– Србија секогаш ги почитува договорите што ги потпишува. Ако некој вели дека не го интересира Заедницата на српски општини, тогаш е јасно дека тој некој не сака дијалог. Ние секогаш сме подготвени за дијалог, за компромиси, но никогаш за уцени и закани, изјави Вучиќ при посетата на градешните работи на железничката станица во Земун.

Потоа се осврна и на пораката што официјален Брисел ја упати до Курти од која изрази задоволство.

– Задоволен сум од реакцијата на ЕУ, но тие мораа да реагираат. Ќе почекаме малку, да видиме дали Курти ќе сфати кои се обврските на Приштина. Без исполнување на обврските, може само да сонува за глупостите што ги кажува, додаде Вучиќ.

Неговиот турски колега, пак, Реџеп Таип Ердоган му прати писмо на Албин Курти по повод изборот за премиер и во таа прилика повторно го отвори прашањето за отворање на амбасада во Ерусалим. Му напиша дека би било корисно владата во Приштина да ја преиспита одлуката, во рамки на Обединетите нации, што е второ идентично барање од Ердоган до Курти во многу краток временски период.

Ердоган во писмото пишува, бидејќи слушнал дека и Движењето Самоопределување на Курти е загрижено за отворање на амбасадата, оти би било корисно да се преиспита таквата одлука.

Отворањето на косовска амбасада во Ерусалим е дел од Вашингтонскиот договор од минатата година што беше потпишан во мандатот на администрацијата на Доналд Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This