ВУЧИЌ НАЈАВИ ИЗБOPИ НА ПРОЛЕТ: “Сакаме да воведеме нeизвaлкaни, чисти луѓе” изјави Вучиќ прес-конференцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ вечерва најави, по седницата на Претседателството на партијата, дека на изборите кои најверојатно ќе се одржат на крајот на март, ќе излезе со најмалку 20 отсто нови лица од партијата, за кои граѓаните ќе одлучат на избирачките места.

 

 

 

Вучиќ на прес-конференцијата пред новинарите рече дека Претседателството одлучило пратеничките и локалните листи да ги водат млади луѓе.

 

– Сакаме да воведеме нeизвалкaни, чисти луѓе. Секој од нас, не по своја kpивица, колку и да му е чист образот, поради вaлканатa кампања остави траг зад себе. Затоа е важно да донесеме свежа kpв, млади луѓе кои можат да продолжат со добро темпо и во насока која може да донесе подобра иднина и добри резултати – рече тој, додавајќи дека тоа е официјална одлука на Претседателството која ќе бара потврда на Главниот одбор.

 

Според Вучиќ, лидерите анализирале низ што се минала партијата, се разгледувле и прашањата околу Косово, и на какви странски влијанија била изложена Србија за зачувување на слободата.

Претседателот на Србија додаде дека не сака, за разлика од нив, да зборува ништо лошо за неговите коалициски партнери, како и дека целите на неговата партија се јасни и недвосмислени – да излезат на избори кои ќе се одржат на крајот на март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This