Вучиќ на средба со Путин, Косово ќе биде една од главните теми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вучиќ денес отпатува за Русија, а пред средбата истакна дека шефот на руската држава ќе го информира за досегашните разговори околу Косово и Метохија и за регионалната ситуација на Западниот Балкан.

„Претпоставувам дека ќе разговараме за ситуацијата во регионот, за нашето гледање на ситуацијата. Јас секогаш внимавам да не зборувам и на директен начин да не се мешам во внатрешните работи на други држави“, кажа Вучиќ.

Една од најважните теми со рускиот претседател ќе биде енергетската криза бидејќи Србија се труди да обезбеди продолжување на поволниот аранжман за испорака на гас, по кој сега плаќа 270 долари за 1.000 кубни метри, додека цената на берзите утринава беше 1.064 долари.

„Имаме четири нешта кои треба да ги решиме со Путин, а на прво место е цената. Второто е траењето на договорот. Мораме да обезбедиме количества плин над три милијарди (кубни метри), но мораме да имаме флексибилност, бидејќи во меѓувреме мораме да изградиме складишта“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека резервите на гас во Србија паднале на 128 милиони кубни метри и дека од снабдувањето со гас зависи и цената на струјата, која сега, поради поволните ценовни аранжмани на долгорочно договореното снабдување со гас е значително поевтина во Србија отколку во цела Европа“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This