ВУЧИЌ ОДГОВОРИ НА ЗАКАНИТЕ ОД ТАЧИ: Само нека продолжи да се јуначи со пушките…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија работи на политика на мир и нема да се занимава со пушки и оружје, порача денес претседателот на Србија Александар Вучиќ во одговор на заканите на Хашим Тачи


„Не сакам да се занимавам со пушки и оружје како Тачи, тој нека го прави тоа. Но неговите пушки не ја разорија Србија, туку некои авиони. А наше е да водиме политика на мир“, рекол Вучиќ за новинарите во Мостар.

Тачи претходно изјави дека на заканите на Србија ќе одговори со „пушки, како и пред 19 години“.

Вучиќ истакнал дека на споменувањето на пушки, ќе одговори мирно и сталожено, но го потсетил дека не неговите пуки, туку туѓи авиони ја разориле Србија.

„Што се однесува до мене, не сакам да се занимавам со пушки и оружје, како што тоа го сака Тачи, нека продолжи тоа да го прави. Јас да се јуначам и да покажувам кој е посилен, навистина не ми паѓа на памет“ – заклучи Вучиќ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This