ВУЧИЌ РАСПАЛИ ПО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ: Никој нема да ни кажува каде да ја распоредиме нашата војска и полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странски амбасадори нема да одлучуваат за тоа на кој начин нам да ни бидат сместени единиците, порача денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, по однос на случувањата во Косово и положбата на Србите кои живеат таму.

vucic_racka

-За тоа нека одлучуваат во својата земја, нека заборават дека тоа може да го прават во Србија. Еве сега им го кажувам тоа. Ако треба ќе ги научам јас како треба да се однесуваат според своите овластувања, рече Вучиќ.

-Кои сте вие да одредувате дали некој ќе биде во Крагуевац или во Краљево? Со кое право? Што сте вие толку посебни за да одлучувате во име на Србите за тоа, праша и порача денеска Вучиќ.

Вучиќ побарал од шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини и нејзиниот тим да го сменат начинот на однесување на Приштина, потсетувајќи дека од ЕУ јасно рекле дека ќе реагираат ако некој го прекрши договорот.

„Сакам јасно да ставам до знаење дека тоа го направи албанската страна (го прекршила договорот), се друго е бегање од одговорност“, рекол Вучиќ за новинарите во Рашка, каде што беше во посета на касарната, на состанок со локалните српски лидери и војската.

Тој исто така истакнува дека од ЕУ се однесуваат еднострано, велејќи „Мислам дека се обидоа да ни помогнат во сочувувањето на мирот…Но дека се еднакво виновни, тоа не е можно“, рекол Вучиќ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This