April 25, 2024, 11:56 am

Вучиќ со жecток одговор за Ердоган: Ова не е турско, ќе си ја бpaниме земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Србија ќе се спротивстави доколку се создаде ново лоби за признавање на зависност на Косово.

На прашањето за најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе го интензивира лобирањето за независност на т.н. Косово, за ТВ Пинк изјави дека тоа е реално, бидејќи Турција е суперсила, а Ердоган е голем лидер.

„Ќе се обидам да разговарам со него. До 1 септември, според Вашингтонскиот договор, обете страни имаат обврска да не лобираат за признавање или не признавање.

„Ако започнат да лобираат за признавање од 1 септември, или можеби и пред тоа, ние ќе се спротивставиме“, потенцира тој.

Вучиќ посочи дека Турција е голема сила, дека тој во споредба со Ердоган е мал и занемарлив, но потенцираше дека Србија не е толку мала за да не се обиде да се спротивстави.

„Србија ќе го штити своето. Ова не е турско, и припаѓа на Србија. Единствено што ни преостанува е да се бориме за нашата земја и за нашиот народ. Тој е многу моќен, а ние не сме, но верувам дека малку ќе ја омекне својата позиција “, рече Вучиќ.

Тој посочи дека Србија нема друга алтернатива освен да се бори за својата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This