ВУЧИЌ СО ИСТ СТАВ КАКО ДАЧИЌ: Србија згреши што ја призна Македонија под уставно име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот државен врв е единствен во позицијата кон Македонија. Српскиот претседател Вучиќ се согласува со изјавата на шефот на дипломатијата Дачиќ кој пред два дена изјави дека се кае за признавањето на Македонија под уставното име.

„Србија во иднина ќе се води само од своите интереси и ќе им помага пријателски на оние кои се нејзина страна и кои помагале во зачувувањето на принципите на меѓунаеродното право. Во таа смисла грчките пријатели може да сметааљт на нашата поддршка“, изјави српскиот претседател по состанокот со грчкиот премиер Алексис Циприс во Солун.

Потенцираше дека нема несогласувања со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ по прашањето на Македонија.

„Да сум сакал да го критикувам или демантирам Дачиќ тоа и ќе сум го направел. Очигледно е дека тоа не сум го направил“, појасни Вучиќ.

Српскиот претседател потенцираше дека Грција никогаш не ја признала независноста на Косово и била секогаш на страната на Србија во критични моменти. Вучиќ оцени дека во минатото Србија не доволно го вреднувала тој факт.

Српскиот претседател на средбата со Ципрас изразил надеж владите во Скопје и Атина да постигнат најдобар можен компромис од кој двете страни би излегле задоволни во интерес на регионот.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пред два дена изрази жалење за изјавта на српскиот колега потенцирајќи дека двата пријателски народа преферираат односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека земјата нема полза од жалењето на Димитров дека владата во континуитет ги урива позициите и достоинството на земјата.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This