Вучиќ: Србија и Косово не се две држави, раката да ми ја извитkаат, јас нема да го признaaм Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во пресрет на утрешната средба со албанскиот премиер Албик Курти истакна дека Курти очекува двете земји да бидат третирани како еднакви, како две суверени држави, што не е можно.

„Тие ќе бараат Белград и Приштина да бидат третирани како еднакви страни, како две суверени држави и тоа не е можно“, рече Вучиќ од Брисел за ТВ Пинк.

Според него, луѓето во Србија очекуваат нашиот одговор да биде „не“ на секое прашање и да чекаме да се случи нешто во иднина што ќе промени сè, а тоа нема да се случи“, рече Вучиќ, додавајќи дека тој никогаш не бил за т.н. замрзнат конфликт.

Од друга страна, додаде тој, има илјадници и илјадници лаги дека ќе сториме нешто спротивно на нашиот интерес, а тоа го прават оние кои ги уништија нашите интереси.

Тој додаде дека има некои теми кои се исклучително важни за нас и кои ќе ги покрене утре.Тој изјави дека пред неколку години било утврдено дека има околу 3.000 исчезнати лица, а во меѓувреме биле пронајдени 1.633 лица.

„Една од тие теми се водат за исчезнати лица, и јас сакам за прв пат да навлезам во деталите за суштината на тој проблем. Станува збор за цивилизацијата кон жртвите и нивните семејства “, посочи Вучиќ.

Вучиќ исто така истакна дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

„Да ми ја извртат раката, јас никогаш нема да ја признаам независноста на Косово“, истакна Вучиќ.

Да потсетиме, дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово продолжува утре во седиштето на Европската унија (ЕУ) во Брисел.Тоа ќе биде прва средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This