Вучиќ: Србија e пoдгoтвeнa дa ги пpaти cвoитe хeликoптepи зa гaceњe нa пoжapитe вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и тоа дека не го интересира што поединци на Запад мислат за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Македонија и Албанија, и за благосостојбата на нашите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра, изјави Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград.

Ова го изјави Вучиќ како одговор на прашањето дали има реакции од најмоќните западни земји на иницијативата Отворен Балкан и што му кажал за таа иницијатива на германскиот државен секретар Мигел Бергер, кој ги посети и Белград, Приштина и Сараево.

– Имавме сеопфатни разговори со Мигел Бергер, имаме различни позиции по прашањето на Белград и Приштина и не апсолутно исти и за прашањето за Отворен Балкан. Не би сакал да ги коментирам причините, но ми се чини да тие на сите им се јасни. Но, ние нема да се откажеме од она што претставува суштина на европските вредности и слободи, а тоа е слободата на движење на луѓето и протокот на стоки, услуги и капитал, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека тоа се политички и економски вредности кои придонесуваат за раст на секоја од нашите земји и оти се потпишани добри договори.

Вучиќ посочи дека е важно што мислат некои на Запад, но дека е уште поважно што мислиме и правиме ние и тоа да биде во корист на нашите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This