Вучиќ ќе прими и трета доза од вакцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе ја прими третата вакцина, кинеската, како и да верува дека лекарската професија ќе донесе одлука третата доза да ја добие секој што бил вакциниран пред повеќе од шест месеци, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кажа дека смета дека ќе им каже на сите да ја примат третата доза на вакцината после шест месеци, без оглед на вакцината што ја примиле.

-Чекам да кажата дали советот е да се прими друга или иста вакцина, а ако нема таков совет, јс ќе ја примам истата, кинеската, но тоа е прашање на избори на лиѓето, изјави Вучиќ.

Тој напомена дека луѓето кои ја примиле вакцината пред шест месеци веќе не се толку отпорни и можат полесно да се заразат и да се разболат, и затоа е потребна трета доза на вакцината.

Тој посочи дека во моментов Србија има на располагање 1,3 милиони вакцини, како и уште 120 000 вакцини за оние кои треба да ја добијат втора доза.

Вучиќ оцени дека кинеската вакцина побавно произведува антитела од „Фајзер“, „Астра-Зенека“ и „Спутник“, но дека кинеска вакцина е традиционална вакцина која воопшто нема ризик.

-Не велам дека другите имаат, но кинеската вакцина нема ризик за ништо, изјави тој.

Вучиќ оцени дека сега работите во Србија се полоши во однос на бројот на заразени отколку порано и уште еднаш ги замоли луѓето да се вакцинираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This