Вучиќ: „Aкo пpифaтaм Kocoво дa бидe нeзaвиcнa дpжaвa ќe ми дaдaт Hoбeлoвa нaгpaдa, дocтa ми e oд нaгpaди“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само слаба, неуспешна и Србија без резултати би била добра Србија, а јас ќе бидам најдобриот во светот. Ако прифатам Косово да биде независна држаба, тогаш ќе ја добијам Нобеловата награда за мир, вели српскиот претседател. Александар Вучиќ.

Добив Орден на Владимир Путин, рече Вучиќ и додаде дека тој е единствениот претседател со голем број награди и одликувања: Доста ми е од награди, единствената награда за мене е успехот на мојата земја, вели тој!

Луѓето имаат право на шеги и повици, а тоа што ме загрижува се невистините. Јас го мислам тоа кога кажувам сме неповратно сменета земја. Повеќе не можете да имате сметки во странство и да соработувате со мафијата и да градите нелегално. Вие не можете да владеете тука без да им помагате на луѓето, без да градите медицински институции. Никој нема да може да ја врати земјата назад, смета Вучиќ.

За осум и пол години, немавме никаков конфликт, санкции и слично на тоа. Ја доведовме земјата до сегашното ниво и знам дека некои се незадоволни, и знам дека сите граѓани не живеат во богатство. Но, луѓето гледаат дека се работи, тоа е важно за мене.

Го задржавме стабилниот курс на динарот осум години. Ја држевме земјата стабилна осум и пол години. Повеќе отколку во времето на Јосип Броз, двапати, за време на целото негово владеење. Оваа наша земја оди и се движи напред неповратно. Никој нема да може да не врати назад, рече српскиот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This