ВУЧИЌ: Oтварањето на гасоводот “Tурски тек” е од големо значење за иднината на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гасоводот „Турски тек“ е од големо значење за иднината на Србија, за привлекување инвестиции и за понатамошниот економски и индустриски напредок на земјата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на покана на турскиот претседател Таип Ердоган присуствува на церемонијата на отварање на гасоводот „Турски тек“ во Истанбул.

 

 

 

 

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека гасоводот ќе овозможи Србија да добие гас по пристојни цени, подобри од кога и да било.

-Изградбата на гасоводот долг 403 км низ Србија, а подоцна и на секундарниот гасовод за доведување на гасот до Владичин Хан, Љубовија, Бајина Башта и други места е од големо значење за привлекување инвестиции, напредок на индустриското производство, изјави Вучиќ, кој додаде дека ова е од големо значење за безбедно и ефикасно снабдување и истакна дека во современиот свет, покрај патната, железничката и комуникацијската, гасната инфраструктура е најважна.

Како што оцени, тоа е причината поради што големите сили се „тепаат“ и постојат големи притисоци.

-Среќен сум што денес, покрај средбата со Путин и Ердоган, и со нивно присуство, можам да разговарам со Борисов, затоа што многу зависи од тоа кога Бугарија ќе го заврши својот дел и да се споиме, рече Вучиќ.

Тој додаде дека според некои проценки, српскиот и бугарскиот дел на гасоводот би можел да биде поврзан најдоцна во мај или во септември.

Вучиќ порача дека од денес ќе има можност да види како Русија и Турција гледаат на сето тоа, додавајќи дека ќе разговара со лидерите на Русија, Турција и Бугарија за билатералните односи, за политичката поддршка на различни нивоа кон Србија и за продлабочување на меѓудржавните односи, како и дека во разговори со Борисов ќе може да разговара за односите со ЕУ и да се види дали сите планирани проекти ќе можат да се реализираат.

На отварањето на Турски тек во Истанбул, рускиот претседател Владимир Путин оцени дека соработката на Русија-Турција на проектот Турски тек е добар пример за соработка меѓу двете држави во сложените меѓународни односи, а проектот е значаен не само за тие две држави, туку и за државите од југоисточна Европа и за цела Европа.

Турски тек кој го изгради Русија е со два цевководи, со вкупен капацитет од околу 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Првиот дел од гасоводот е наменет за снабдување на домашниот пазар на Турција, а вториот за земјите од јужна и југоисточна Европа, додека капацитетот на секој крак на гасоводот е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Вториот дел од гасоводот оди од Турција преку Бугарија преку Србија, потоа понатаму кон Унгарија, а се планира да продолжи кон Словачка и Австрија.

Пред неколку дена директорот на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, изјави дека Русија започнала да испраќа гас во Бугарија, Грција и Северна Македонија преку новиот гасовод „Турски тек“, додавајќи дека минатата година „Гаспром“ испорачала околу 3 милијарди кубни метри гас за Грција и околу 500.000 милиони гас во Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This