ВУЈО И ЧЕРВАР:Секој нормален на Балканот, денеска ќе навива за Хрватска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е денот во кој на Балканот ќе владее една иста мисла, со мали исклучоци. Речиси сите ќе навиваат за хероите од соседството, за Хрватска, па затоа многу видни личности од спортот им пратија пораки на „ватрените“ во Москва, велејќи дека тие веќе остварија нестварен успех. Меѓу нив беа и македонските стари познаници, Лино Червар и Веселин Вујовиќ.

Червар веќе знае како е да се биде светски шампион. Успеа во тоа пред 15 години, на Мундијалот во Португалија, кога никој не очекуваше. Сега им порача на фудбалерите дека со овој успех ја обединиле Хрватска.

„Сè што направивте досега е извонредно. Нешто недостигнато, најголемо досега. Капа долу на сите, од Далиќ, преку играчите, па сè до последниот член во стручниот штаб. Ви благодарам најмногу, бидејќи успеавте да направете нешто невозможно. Успеавте да ја обедините Хрватска. И домашната и раселената. И левата и десната. Денеска поради вас Хрватска е една, а тоа може да го направи само спортот“, рече Червар.

Исто така, им кажа дека од нивниот пристап на теренот и меѓусебниот однос можат сите да научат.

„Некој ќе рече си игравте за себе. Јас, пак, ќе кажам дека игравте за Хрватска, за сите луѓе, за своите ближни. Светот тоа го препозна. Од Скопје ми јавија дека таму се слави како во Загреб. Сите го препознаа она што го направивте. Ја препознаа вашата скромност, гордоста и понизноста. Пријателството, комуникацијата меѓу вас се неверојатни. Од вас сите може да научиме. Независно од исходот на финалето вие сте веќе победници, бидејќи ова што го покажавте е повеќе од игра, повеќе од топка. Сакам да ви се организира дочек каков што никој во Хрватска немал. Заслуживте. Фала ви!“, дополни некогашниот селектор на Македонија.

Веселин Вујовиќ, пак, како еден од најомилените странци во Хрватска, им порача дека за ова финале се подготвува цел Балкан и само некој ненормален може да не навива за Хрватска во денешното финале.

„Не се подготвувате само вие за финалето. Цел Балкан трепери и едвај чека да почне. Ова е нешто невидено. Ако нешто може да се нарече историски успех, тогаш е овој резултат. Од срце ви честитам, а мојата честитка е голема како планина. Сакам да ви порачам да уживате во финалето, играте со срце и без страв покажете тоа што сте. Уживајте бидејќи тоа ќе биде ваш ден. Заслуживте. Без оглед на исходот на тој натпревар, за сите луѓе со отворени срца вие сте прваци. Ова што го направивте е неповторливо и денеска сите нормални луѓе на Балканот со цело срце ќе бидат со Хрватска. Уште еднаш браво, капа да подот“. истакна популарниот Вујо.

Хрватска се пласира во финалето на СП, што веќе претставува историски успех за фудбалот во оваа земја и во регионот. Завршните 90 минути, против Франција, почнуваат денеска во 17 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This