Вчepaвeчep ја зaгyбивмe и цpквaта: Пaлeвcки откpива што се договapaло на тajната ceдница на синoдот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва сектата во МПЦ на тајна седница на синодот му ја скрои капата на Архиепископот Стефан по мерка на #НаумаРаспутинот Македонски. Веќе две години алармирам..вечерва завршувам со таа работа, без црква остнавте токму вечерва, тоа е, ниту слушате, ниту се борите само врескате како кукавици.

Вчера го добив ова во телеграм од искрени и чесни Македонци…но предоцна е…само продолжете по паметот на УДБА…само напред…

Обичниот Македонски православец во Прилепон, овака размислува и грижи..

#ПРИЛЕПЧАНИ

Ние, македонските православни верни чеда на Православната Црква, Македонци по род, коишто сме крстени и духовно пораснати во, за нас, најсветата МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, древната Охридска Архиепископија, во однос на решавањето на македонското црковно прашање, НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРИФАТИМЕ следното:

1. Ние, македонскиот народ православен христијански, нема да прифатиме правно самоукинување на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), со коешто би се довело до несогледиви последици за опстанокот на Православието во Република Македонија и во нашиот православен македонски народ, а со цел на “добивање Томос” од Цариград и создавање на нова Православна црква, односно, нов правен субјект, на територијата на Република Македонија.

2. Ние, македонскиот народ православен христијански, нема да прифатиме промена на Уставот на МПЦ-ОА, што би предизвикала промена на нејзиното име како Македонска Православна Црква на македонскиот народ и нејзина “денационализација” во контекст на македонскиот идентитет.

3. Нема да прифатиме никаков договор со Цариградската патријаршија (или било која друга црква), со кој нашите задгранични епархии би се предале под туѓа, немакедонска, административна или духовна управа и јурисдикција респективно.

4. Нема да прифатиме никаков договор со кој би се отуѓувал имотот на МПЦ-ОА, односно со кој би се случило предавање на ставропигијални цркви и манастири во духовна и административна управа на патријаршијата во Фанар, а коишто се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

 

#МПЦ
Вечерва сектата во МПЦ на тајна седница на синодот му ја скрои капата на Архиепископот Стефан по мерка на…

Posted by Љупчо Палевски on Thursday, October 29, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This