April 19, 2024, 11:16 pm

Вaкцинaтa на Новавакс пpoтив Koвид-19 успешно произвела aнтитeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произвела антитела против новиот коронавирус и се чини дека е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко истражување во раната фаза.

Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нејзиниот кандидат за вакцинирање, НВКС-Ков 2373, произвел повисоко ниво на антитела кај здрави доброволци по две дози од оние што се пронајдени кај пациенти кои го прележале Ковид-19.

Додавањето на супстанцата наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.

Директорот за истражување, Грегори Глен изјави дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички истражувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие одобрение за регулација во декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This