ВEШТAЧКAТА ИНTЕЛИГEНЦИJА ПPОЦEНИ: Пocтoјaт нeoткpиeни пoдaтоци од aнтички пoдвидoви на чoвeчки пpeдoк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вештачката интелигенција, која ги анализира сите расположливи податоци од одредена област, процени дека постојат неоткриени податоци од антички подвидови на човечки предок.

Според оваа хипотеза, скриениот предок на современ човек живеел во Азија и бил хибриден вид помеѓу денисовски човек и неандерталец, и се појавил пред 744.000 години.

Според утврденото научно објаснување, денисовскиот човек е генски различен и од неандерталците и од модерниот човек. Не е познато каде би можеле да се најдат остатоците од предокот на модерниот човек, но научниците веруваат дека областа е помеѓу Сибир преку западна Азија до Алтај.

Дополнителните истражувања на јадрото на гените од истите примероци укажуваат на можноста дека овој вид на сè уште неоткриен предок на современиот човек го дели еволутивниот предок со неандерталците.

Вештачката интелигенција ја изнесе оваа можност по анализирање на гените, стотици илјади симулации и увид во слични демографски процеси на прачовекот.

Во текот на август минатата година, во средината на ова истражување, беше објавено откривањето на остатоци од жена стара околу 90.000 години со заеднички генски материјал од денисовски човек и неандерталец. Затоа, според научниците, вештачката интелигенција била во право, па постои cтpyјa во науката што бара научниците да почнат да се занимаваат и со „транцизиски луѓе“, односно „алката што недостига“ во развојот на човекот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This