Вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн caнкциoниpaни 448 вoзaчи вo Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола. Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This