Вoopyжени до заби: Специјалните косовски сили со kaлашникови, cнajперисти, митpaлези и шок бомби распоредени на неколку контролни пунктови во северно Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициските единици распоредени на неколку контролни пунктови во северно Косово во близина на премините Јариње и Брњак се опремени со тешко оружје, кое е класифицирано како долго и кратко оружје, пишуваат медиумите во Приштина.
Полициските екипи на Единицата за специјални интервенции „ФИТ“ се вооружени со снајперисти, калашникови, митралези, пушки, но и кратко оружје, пренесуваат приштинските медиуми.
Специјалните оперативни единици „НЈСО“ опремени со долго оружје како што се калашникови и кратко оружје како „Глока“, солзавец и шок бомби.
Повеќе од шест оклопни возила се наоѓаат на преминот Јариње на три локации.

Околу 200 припадниците на специјалната полициска единица се уште се распоредени во близина на контејнерите поставени пред неколку дена за припадниците на граничната полиција, лоцирани во Лепосавиќ.

Вчера, на административните премини со централна Србија, Приштина започна да забранува влез во Космет со српски регистарски таблички и да ги замени со привремени.
Одлуката предизвика протести на Србите кои ги блокираа патиштата на административните премини Јариње и Брњак. Протестот на Србите од северот на Косово и Метохија со камиони и автомобили, како и блокадата на патот Рашка – Косовска Митровица и Рибарице – Зубин Поток, кои започнаа вчера, сѐ уште траат.

Во Космет, ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици на Роса низ северот на провинцијата. Во Белград заврши итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема беа настаните во Косово и Метохија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This