Вoopyжeнa дpaмa пpeд угocтитeлcки oбjeкт вo Capај: Двe лицa ce paнeти, нaпaѓaчитe yaпceни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 28.07.2021 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од с.Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во с.Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет.

Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ., a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември”, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This