Габриел Еcкoбap: САД вepyвaaт дeкa пpoшиpyвaњeтo e кopиcно и зa Запaдeн Бaлкaн и зa EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот американски пратеник за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, изјави дека САД имаат многу јасна цел да го направат целиот Западен Балкан дел од Европската унија, каде што му е географското, историското и културолошкото. Според него, Унијата со проширувањето во регионот може само да има полза.

Ескобар, кој го наследи Метју Палмер како заменик помошник државен секретар за бирото за Азија и Евроазија и пратеник за Западен Балкан, рече дека САД ќе работат со ЕУ за да ги убедат сите страни дека тоа е единствениот правилен пат.

На панелот организиран од Бриселскиот центар за европска политика (ЕПЦ), Ескобар рече дека членството во ЕУ носи големи придобивки, дека земјите стануваат подемократски, попросперитетни и дека дури и кандидатурата за членство ги охрабрува земјите да станат подемократски и економски посилни.

Ескобар нагласи дека неговото гостување  е негово прво појавување во јавност откако е назначен и дека откако работел во американската амбасада во Белград до неодамна, видел голема доза оптимизам на Западен Балкан, за разлика од некои негови колеги.

Западен Балкан не е дефиниран само со политички критериуми, туку и со силна економска динамика и висок степен на меѓусебна интеграција на земјите што треба да се охрабри, што го прави еден од најбрзорастечките региони и затоа регионот има потреба од ЕУ, наведе Ескобар.

Американскиот дипломат, сепак, додаде дека е малку загрижен поради недостатокот на доверба во пораката за проширување на ЕУ, а исто така и затоа што пораката нема голема поддршка од земјите -членки на ЕУ. Тој додаде дека ќе им ја даде целата поддршка на официјалните лица кои работат на интеграција.

Запрашан за конкретните потези и стратегија на Вашингтон во дијалогот Белград-Приштина, Ескобар рече дека САД ќе испратат порака за поддршка до специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак во секоја прилика и дека Стејт департментот ќе работи преку амбасадите во регионот да се постигнат договори се спроведуваат и актерите да не избегнуваат дијалог, јави Бета.

На прашањето која треба да биде крајната цел на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина за САД, Ескобар рече дека тоа не е само меѓусебно признавање, туку и членство во ЕУ, и мирен и функционален регион како дел од ЕУ. Тој повтори дека САД сакаат да ја убедат ЕУ дека „вреди да се обложат“ на земјите од регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This