ГАЗДА ЗА ПРИМЕР: Црногорец своите 14 најдобри вработени ги почecтил со луcyзно крстарење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако е од 2014 година, оваа приказна повторно почна да се врти по интернетот и ние решивме да ја споделиме со вас.

Целата вест ви ја пренесуваме во целост:

Ова е период во кој луѓето даруваат, а еден од нив е и црногорски газда кој ги воодушеви своите вработени, луѓето од неговата држава, но и сите во регионот.

Имено, сопственикот на црногорски синџир на продавници за спортска опрема, бизнисменот Радомир Новаковиќ Цакан, ги почестил 14-те најдобри работници во својата фирма со крстарење во лукcyзен брод!

Вработените ќе крстарат во западниот дел на Медитеранот од 9 до 19 јануари и тоа во лукcyзниот брод “Splendid”. Поаѓајќи до Џенова, тие ќе уживаат во посетата на Барселона, Марсеј, Тунис, Сицилија, Рим, Венеција и Милано.

Но, ова не е првпат Цакан да ги наградува своите вработени. Така, пред две години тој успеал сите да ги изненади, кога за долгогодишната верност и професионалност, четворица вработени ги наградил со нови автомобили.

Покрај неговите вработени, тој им подарил лукcyзно патување и на двајца вработени во стоматолошката ординација каде што тој ги поправа своите заби, пред се затоа што бил премногу задоволен од нивната услуга.

“Буквално останавме без текст кога господинот Новаковиќ, по еден третман во нашата ординација, се врати кај нас со два ваучери за крстарење. Нашите медицински сестри не можеа да веруваат дека не станува збор за шега”, изјавил раководителот на стоматолошката ординација.

”Морав да пронајдам начин за да им се одолжам”

“Сега не можев да купам автомобили, но морав да пронајдам начин да им се одложам на луѓето поради кои што нашата компанија добро напредува и поради кои што секогаш имаме максимално позитивна атмосфера во секоја продавница. Уште во септември одлучив да ги наградам на ваков начин, а ги одбрав и оние кои беа навистина најдобри”, истакнал Новаковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This