April 25, 2024, 11:21 am

ГАЗДИТЕ ДА ЗНААТ ОВА HEMA ДА ИМ ПОМИНЕ: Ако ги затвopaт текстилните фабрики – да им се одзeмaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските газди неспремни и малку да го поделат колачот од енормните профити кои ги остваруваат, немаат проблем текстилните работници кои се едни од најслабо платените и најзагрозените работници во земјава привремено да ги исфрлат на улица! Дури и платената пауза за храна, една од ретки работнички мерки во земјава не сакаат да ја плаќаат“.

Ова е дел од реакцијата нба „Левица“ на заканата на некои од газдите коли гласно ја пропагираа идејата привремено да ги затворат текстилните фабрики како еден вид протест за намалените профити. Тие бараат субвенционирање на извозот, замрзнување на придонесите и укинување на платената пауза од 30 минути за ручек на работниците.

„Малку се профитите кои ги остваруваат преку експлоатацијата која се случува во фабриките, туку сега бараат и субвенции од државни пари кои ќе паднат на грбот на сите граѓани!

Значи работниците на два начина ќе ги „спонзорираат” своите газди – еднаш преку експлоатацијата со прениските плати, а друг пат преку ваквите економски политики како „субвенции за приватните фирми”. Нема крокодилски солзи за изгубените профити на газдите и нема спонзорирање на нивните џипови и приватни авиони од џебовите на обичниот граѓанин!“, се додава во соопштението на партијата.

Левица повикува за најстроги казни за секој газда кој ќе се дрзне бесправно да ги остави работниците на улица без корка леб. Понатаму, привремено затворените фабрики да се национализираат и да ги рестартира државата со државен капитал. Истовремено Левица како единствена работничка партија во државата сесрдно им се става на располагање на работниците за помош околу евентуални тужби на газдите и организирање на протести и штрајкови. „Газдите мора веќе еднаш да научат дека ваквото однесување нема да им помине!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This